Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Македонскиот парламент Александар Николоски денеска замина во неколкудневна работна посета на Франција. Во рамки на посетата Николоски ќе оствари серија на работни средби со значајни политички претставници на гФранцускиот народ а ќе учествува и на седница на собранието на Советот на Европа во рамки на Комисијата за правни прашања и човекови права како и Во рамки на посетата ќе учествувам во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем.
“ Деновиве престојувам во посета на Париз Франција , каде ќе остварам бројни средби во Француското МНР, Собрание, Сенат и Совет на Европа. Како Претседател на групата за соработка на Македонија и Франција ќе се сретнам со Силван Гиоге заменик директор за Европски прашања на МНР на Франција, како и со Бертранд Сор пратеник во Француското Собрание и Претседател на групата за соработка Франција – Македонија.
Во рамки на посетата ќе учествувам во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем.
Исто така ќе остварам средби и со француски стопанственици на кои ќе ги претставам можностите за инвестирање во Македонија. На средбите ќе ги запознаам соговорниците за политичките состојби, резултатите од локалните избори , состојбата со растечката корупција и економската криза како и потребните промени.
Ќе побарам Македонија да отпочне преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.”
-соопшти во јавноста со свое соопштение Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија
Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови