БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ СПОРОТ СО ГРЦИЈА ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СУД НА ПРАВДАТА ВО ХАГ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден, 5 снежник (декември) 2011 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг (главен судски орган на ОН) пресуди во корист на Македонија по жалбата од 17 студен (ноември) 2008 година во која од судот се бараше да пресуди и да утврди дека Грција се противи на поканата за членство во НАТО на Македонија и така ги прекршила своите обврски според Привремената спогодба. Во оваа пресуда меѓу другото пишува дека Македонија и натаму може да го користи своето уставно име во односите со Грција и во рамките на меѓународните организации.

„Судот експлицитно утврдил дека Македонија има право себе си да се именува како Република Македонија во нејзините односи со Грција и дека Грција не може да се противи на пристапувањето или на полноправното зачленување на Македонија во НАТО или други меѓународни организации врз основа на „намерата“ на Македонија „самата себе да се именува во меѓународните организации користејќи го своето уставно име“ (параграф 103)

Извор: Македонија Macedonia Macédoine

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace