БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали индиректно Димитар Ковачевски оправдува работничко ропство? -“Секој работник заслужува да биде еден ден слободен и да биде со своето семејство”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Октроираноста на новиот премиер на Владата на Македонија е прашање на полемика во политичката јавност од моментот на негово појавување на масата за преговори заедно со Зоран Заев за обезбедување на парламентарно мнозинство по изборниот дебакл на 31 октомври минатата година. Политичкиот лупинг на Зоран Заев кој првенствено има огромна потреба да си обезбеди безбеден коридор за бегство од одговорноста за сите штетни политики во изминатиоте 4 години на апсолутна власт во Македонија, се чини пополека се ефектуира.

Новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на голема врата се обидува да се наметне во јавноста со својот физикус на интервју на ТВ Канал 5 преку очигледно нарачани прашања и пишани одговори во потсетник кој што неумесно беше криен од камерата на продукцијата.

И покрај контролираните прашања и напишаните одговори на интервјуто за “блескаво” претставување на Димитар Ковачевски во Македонската јавност се забележливи голем број на дискутабилни теми за кредибилитетот и легитимитетот на новиот премиер седнат во премиерското столче без да биде гласан од граѓаните на избори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Она што најеклатантно ми падна во свеста во одговорите на Димитар Ковачевски е неговата определба тој да биде на страната на работниците со тврдењето дека “секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство.”

Дали тоа значи дека останатите 6 денови во неделата работниците треба да бидат не-слободни т.е. нечии робови???

“Јас сум на страна на работниците. Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство. Секако, имам предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела. Ќе разговараме со сите засегнати страни и ќе најдеме решение.
Во однос на пензиите, следува покачување. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и заедно со Министерството за финансии и согласно расположивите буџетските средствата ќе обезбедиме зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден а Пензискиот фонд има пари со кои располага”

-соопшти во своето интервју Димитар Ковачевски на Канал 5 ТВ, Претседателот на СДСМ и Премиер на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски.

Дополнително што е повеќе од индикативно во интервјуто на премиерот платен од парите на сите граѓани на Македонија е потценувачкиот однос кога го спомнува името на ВМРО-ДПМНЕ, што кај Ковачевски манифестира ниво на страв и несигурност придружени со нервозен говор на телото на премиерот. Ваквиот однос кон ВМРО-ДПМНЕ не може да биде случаен имајки го во предвид фактот што Ковачевски како претседател на СДСМ ги има кај себе податоците од мерењето на рејтингот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но и рејтингот на него како претседател на владеачката партија и оној на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Пишува: Кирчо Анстасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace