До нашата редакција пристигна Барање за објава на АПЕЛ за помош на Перо Рујковски од гевгелиското с. Миравци.
Според она што е пренесено во неговото барање до нас Перо има проблеми со фунционалноста на еден од бубрезите, но и силни и неподносливи болки во кичмата и не е во можност слободно да се движи.
За неговата здравствена состојба тој до нашата редакција достави меицинска документација (Извештај- Радиодијагностички наод и Извештај од доктор специјалист) но поради заштите на неговата здравствена состојба истата нема да ја објавиме
Перо Рујковски е татко на 4 деца без вработување на работ на егзистенција и му е потребна финансиска помош за неговото лекување. Тој е крводарител и донатор на крвна плазма во неколку наврати-помогнал на луѓе кои имале потреба за тоа.
,, Не сум во можност да ги набавам ниту потребните лекови а камоли да одам на физикална. Затоа се обраќам за помош до сите оти верувам дека постои хуманоста и верувам во неа,,
-ни соопшти Перо за неговата состојба.
Во продолжение ја прикажуваме неговата трансакциска сметка која ја достави заедно со останатите спомнати документи за донации на хумани граѓани.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти