БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Џафери противправно лишил од слобода пратеници за кое дело се лежи од 6 месеци до 5 години затвор, алармираат од опозицијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Нервозата кај демаскираниот Талат Џафери расте, со затворањето на пратениците стори кривично дело за кое се лежи затвор.

Вчера Талат Џафери противправно ја лиши целата пратеничка група од слобода и го спречи нивното слободно движење.

Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери.

Дали Ковачевски и ова ќе го изрелативизира, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“.

Останувањето на Ковачевски на власт по секоја цена како што тоа го прави сега со неприфаќање на предвремени парламентарни избори, ќе им дава право на Талат Џафери и на ДУИ уште повеќе да ги кршат законите и да не одговараат, зошто само од нивната добра волја опстојува владата.

Ковачевски е марионета во рацете на Талат Џафери. Избори мора да има час поскоро. За срамот никогаш да не се повтори.”

Извор: ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace