Олгица Андонова (Паковска) како млада пејачка од Кочани, во 1968 година го претставува родниот град на натпревар за најдобри пејачи аматери во Скопје. Таму ја пее песната „Cuore“ од Рита Павоне (https://www.youtube.com/watch?v=uNCxf…), за што добива награда Златен глас на Македонија. После тоа добива покана од Ѓоко Георгиев да снима за продукцијата на тогашното Радио Скопје, со што се создава и оваа песна во 1971 година. Подоцна настапува и на фестивал на Југословенската народна армија (ЈНА) во Белград, како и во тогаш многу популарната музичка емисија „Максиметар“ што се емитува на Југословенската радио телевизија (ЈРТ). Во 1973 година следуваше и снимка за Телевизија Скопје за емисијата „Есен на љубовта“ во која учествува и Андреј Сопронов.
Денес песната „Какви очи имаш ти“ се вбројува меѓу најдобрите евергрини на македонската забавна музика.
композитор: Петар Лукиќ
текст: Ѓоко Георгиев
аранжман: Славе Димитров
„Какви очи имаш ти“ – Олгица Андонова
“Не знам што ми зборуваш, не знам кој е покрај нас, јас само во нив сум загледана, ме разбираат, за тајни мои знаат. Очи што проштеваат, што го следат мојот пат, и болки што ми развејуваат, тие очи твои, две сјајни ѕвезди мои. Какви очи имаш ти, никаде поубави, какво небо, каков здив, јас ги гледам само нив. Какви очи имаш ти, како сини длабини, ко две песни невини, како први мои сни. Очи што проштеваат, што го следат мојот пат, и болки што ми развејуваат, тие очи твои, две сјајни ѕвезди мои. Какви очи имаш ти, никаде поубави, какво небо, каков здив, јас ги гледам само нив. Какви очи имаш ти, како сини длабини, ко две песни невини, како први мои сни. Какви очи имаш ти, никаде поубави, какво небо, каков здив, јас ги гледам само нив. Какви очи имаш ти…”
Извор: Staro Kocani

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг