БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните на општина Виница ќе го креираат буџетот за наредната 2023 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Согласно програмските определби на градоначалникот на општина Виница за што е можно поголема транспарентност и партиципативност на граѓаните во трошењето на јавните буџетски пари, општината упати јавен повик за доставување на предлог програма за работење на граѓанските организации со цел да бидат вметнати во буџетот на општината за наредната 2023 година.

На ваков начин општината предводена од градоначалникот Миле Петков ќе обезбеди транспарентност за трошењето на буџетските пари наменети за развој на цивилното општество а од друга страна ќе има зголемена инклузивност на граѓанските здруженија во следењето на трошењето на парите на сите граѓани.

“Почитувани сограѓани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Виница е во фаза на изработка на Буџетот за 2023 година. По тој повод ги повикуваме сите здруженија на граѓани, невладини организации и други заинтересирани лица чиешто работење може да биде подржано од општината, да достават своја програма за работата за 2023 година со финансиска конструкција за истата.

Програмата се доставува до архивата на Општина Виница, ул. Бел Камен 13, НАЈДОЦНА до 21.11.2022 година.”

-стои во повикот упатен од градоначалникот Миле Петков во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace