Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новите заменик министри во владата на премиерот Димитар Ковачевски во јавноста излезе со свој став во однос на назначувањето на професорка по албански јазик и книжевност на многу важната позиција за заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.
“Димитар Ковачевски предложи, а пратениците на СДС вчера во собранието гласаа за нов заменичка министерка за земјоделство која доаѓа на позицијата без ниту еден ден работен стаж во овој значаен сектор, а притоа е професор по книжевност.
Вјолца Бериша која од денес ќе треба да спроведува реформи и проекти за земјодeлците како нова заменичка на Љупчо Николовски од 2006та година е професор на Катедрата за албански јазик и книжевност при Државниот универзитет во Тетово. Нејзината единствена поврзаност со земјоделството е што при делење на функциите, Алијанса на Албанците новиот коалициски партнер на СДС и ДУИ, ја добива оваа позиција, бидејќи Ковачевски ја сметал како најневажна.
Ковачевски се расфрла со делење на функции, небаре од дома ги донел. Но со ова уште еднаш докажува дека нему, а ниту на СДС не им е важно земјоделството и маките со кои се соочуваат земјоделците.
Прво Љупчо Николовски го уништи земјоделството, а сега Вјолца Бериша ќе го доуништи!
Со поддршка на ваквиот предлог, пратеничката група на СДС и Димитар Ковачеваки само уште еднаш го потврдуваат она кое јас гласно зборувам изминатите 6 години, а тоа е дека СДС не водат грижа за земјоделците. Ковачевски и СДС се водат од внатрепартиски интерес и пазарење за подолг опстанок на власт и секако за уште некој криминален тендер.
И додека граѓаните трчат од маркет во маркет и бараат леб, бидејќи оваа катастрофална влада ги остави и без леб, Ковачевски и СДС тераат политика и гласаат нови заменици министри, кои се таму поставени само за задоволување на нечии интереси.
Владата на СДС системски го уништуваат земјоделство во државата.
Потребни се промени. Време е оваа расипничка и најнесппсобна влада да замине во историјата”
-соопшти во јавност Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово