БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Траги

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По трагите на нашите лудости
парчиња од некоја стара љубов
чувства лесно фрлени и долго од ветрот носени.
Да заминеш сега или останеш
и ништо да не понесеш
во заборав соништата да ги пратиш
и никогаш на нив да не се сетиш.
Писмата стари да ги скриеш
и никогаш да не ги погледнеш
или едноставно да ги изгориш
и солза за нив да не пуштиш.
Срцето никогаш да не го отвориш
заклучено засекогаш да го оставиш
и никогаш, никогаш да не посакаш
детските соништа да ги оствариш.
Со превез лицето да го сокриеш
солзните очи да ги закриеш
под превезот долго да плачеш
и никому тоа да не го признаеш.
Се повеќе и повеќе да старееш
млади години да немаш
од дете старец да станеш
од тоа треба да се плашиш.

Mina Laras

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace