Пратеникот Антонио Милошоски на фејсбук запраша
Зошто владата ја крие анкетата спроведена во Јули?!
Притоа додаде дека резултатите од таа анкета спроведена од самата Влада биле крајно неповолни за заложбите на Владата предводена од Зоран Заев за да го променат Уставо и името на Република Македонија преку спроведување на капитулантскиот договор потпишан меѓу Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за #бојкот.
Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи).
-напиша Милошоски на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026