Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го обвини Зоран Заев дека повеќе не ги менува ставовите во период од неколку денови, туку почна да ги менува своите ставови од час во час.
Гледаме дека во текот на часови, а не денови се менуваат позициите и ставовите на Заев, нешто многу пати видено до денес. Пред десетина дена Заев кажа и дека ќе прифати дека задолжителен референдум мора да има, сега гледаме нешто друго. А продолжува и неговиот потценувачки однос кон граѓаните на оваа држава, затоа што тој токму во гостување на грчка телевизија го кажа прашањето на референдум,
-кажа Јанушев при своето гостување во отвореното студио на Алфа ТВ.
Ваквото менување на ставовите пречесто дури и за обичен граѓанин во државата може да значи две работи.
Или Зоран Заев сака намерно да ги доведе во заблуда граѓаните на Република Македонија со прекумерното менување на своите ставови за самите граѓани да не знаат што се случува по однос на најчувствителните прашања на Македонските граѓани, или
Зоран Заев со својата лакомост за моќ се задолжил пред толку многу фактори (странски или домашни) кои на дневна основа го присилуваат да ги менува своите ставови, независно од сопствената волја и влијание.
Со договорот со Грција во повеќе наврати има прекршување на Уставот и е делувано спротивно законите. Со самиот акт на потпишување од страна на министерот за надворешни работи врз основа на овластување дадено од Владата на Република Македонија, самиот договор е ништовен бидејќи нема легитимација потписникот, бидејќи единствен кој може да потпише ваков тип на договор е претседателот на државата,
-истакна Јанушев.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина