Во соопштение објавено преку официјалната партиска интернет страна Демократскиот сојуз на Павле Трајанов соопштува дека за постигнатиот договор со Грција е неопходно граѓаните да се изјаснат на консултативен регерендум.
Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.
Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум.
Притоа во соопштението се вели:
Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите.
Доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои Уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евроатланските процеси.