Во македонското Сен Тропе, започна седмото по ред, културно – забавното лето „На зајдисонце во Трпејца 2018”.
На познатата сцена „кај Бунарот“, беше отворена изложба на уметнички дела од Свето Стефановски, новинар, публицист, екологист и ликовен уметник.
Делата на Свето Стефановски, имаат препознатлив стил и јазик со изразита енергија. Широка е палетата на неговото изразување. Кај него ќе најдете и пејзаж,и Стара чаршија, и Охрид и цркви и манастири, ама и цвеќе. Тој не му робува на традиционалното сфаќање на догмите за сликарството. Ослободен е од пресликување на стварноста. Природата кај него е дематеријализирана.
Свето Стефаноски е уметник, во чиии ликовни оствартувања можат да се препознаат експресивни моменти, а кои авторот ги изразува со силен естетски и душевен порив. Чистототата во неговите слики е толку јасна, штопораките се надовруваат една врз друга, успешно давајќи ни многу повеќе од она што го знаеме.
Свето Стефаноски, се движи, уметнички созрева кон една содржина, вертикала и височина што наредниве години ќего внесе во најпознатите галерии во земјата и светот.
-објаснува познатиот ликовен уметник Јордан Манасиески.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист