Покрај многуте разновидни музички настани што ги нуди Охрид во летната сезона концертот на зајдисонце на Владимир Четкар секстет, на плажата „Бонанца“ во Св. Стефан, понуди едно поинакво музичко доживување.
Извонредниот џез и фанк музичар Владимир Четкар, Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани, на публиката на плажата „Бонанца“ и приредија незаборавно целовечерно воодушевувачко уживање, исполнето со прекрасна позитивна атмосфера.
Се надевам дека овие концерти ќе станат традиција бидејќи тука се спојуваат два извонредни моменти, уметноста на природата и уметноста на човекот и сите сетила ги изложуваме на убавина.
изјави Владимир Четкар, кој втора година по ред настапува на зајдисонце во единствениот крајезерски амбиент на Охрид.






СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието