Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостуваше во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ. Тој за плановите на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека ако неговата партија го градеше планот за договор со Грција, тогаш ниту најмалку немаше да е сличен на овој, туку ќе беше многу подобар.
-“Често пати ме прашуваат план А, план Б, ова не е планот А на Христијан Мицкоски, не бил планот А на претходникот на Христијан Мицкоски, ниту на Бранко Црвенковски, ниту на Љубчо Георгиевски, ниту ни Киро Глигоров. Ова е планот А на Зоран Заев, него треба да го прашате дали има план Б. Ако бев јас тој кој што ќе го градеше планот А, вака немаше да го изградам сигурно, ќе направев многу подобар договор”
– изјави Мицкоски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист