БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Целосно нови-почисти хоризонти на видикот на жителите на општина Карбинци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ставен е крај на долгогодишните проблеми со постоечкото ѓубре за жителите во општина Карбинци. Дали оваа слика ќе одолее на негрижата на поединци склони кон фрлање на ѓубре на несоодветни места низ општината?

Поголема површина во Карбинци деновиве беше целосно исчистена од страна на надлежните служби во рамки на програмските ветувања на градоначалникот Виктор Паунов. Оваа до неодамна дива депонија ќе прерасне во припитомена хортикултурно уредена површина со што жителите нема повеќе да бидат сведоци на неубавите слики од минатото.

Градоначалникот Паунов апелира во јавност на повисока граѓанска свест и грижа за животната средина од сите граѓани и добронамерници кои гравитираат во овој пејсажно преубав предел, чии што грди слики од минатото треба таму и да останат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Едно од клучните мои ветувања пред жителите на Карбинци се реализира за само една година.

🚧 Депонијата која беше голем проблем за околното население во село Карбинци денес е комплетно исчистена и трајно затворена! Здравата и чиста животна средина е еден од нашите приоритети и за во иднина.

Овој простор дополнително за краток период ќе биде и хортикултурно уреден. ☘️🌳

⚠️Апелирам и до населението во Карбинци, да се почитуваат препораките за забрането фрлање на отпад и заеднички да успееме кон зачувување на животната средина. ✅

-информираше градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace