Градоначалникот на општина Симитли Апостол Апостолов и амбасадорот на Република Македонија – Н.Е. Марјан Ѓорчев, одржаа работна средба на која ја коментираа можноста за изградба на граничен контролен-премин меѓу Симитли и Пехчево, за кој двете општини веќе имаат подготвен детален дизајн.
На средбата беа разгледани параметрите на проектот и како со отворањето на границата ќе се олесни слободното движење на луѓето во двете општини. Амбасадорот Ѓорчев и градоначалникот Апостолов се категорични дека по создавањето на овој пункт ќе бидат засилени добрососедските односи, ќе биде развиена економија Симитли и Пехчево, а и на регионите околу нив.
На средбата беше потенцирано и доброто искуство од досегашното успешно партнерство за заеднички проекти на локално и национално ниво.
Градоначалникот Апостол Апостолов инсистираше пред амбасадорот на Македонија дека општина Симитли поддржува и изградба на граничен премин Клепало меѓу општините Струмјани и Берово, бидејќи тоа ќе биде дополнителна шанса за развој на бизнисот во регионот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево