Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Пробиштип Тони Тоневски, кој воедно е и актуелен градоначалник, истакна дека по изградбата на атмосферската канализација заврши и асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“, која е во централното градско подрачје. Со овој проект е опфатено и изградба и асфалтирање на нов паркинг простор кај детската градинка. – Овој проект е донација од Светска банка, вкупниот износ му е околу три милиони денари, кои се донација, и околу 500.000 денари кои се обезбедени од буџетот на Општина Пробиштип, рече Тоневски. Тој истакна дека проектот за улицата „Гоце Делчев“ почна да се реализира во август, а во него беа опфатени изградба на атмосферска канализација, нови тротоарни површини и околу 2.500 метри квадратни асфалтирање на новиот паркинг-простор и на улицата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево