Во емисијата Алфаскоп на телевизија Алфа, Иван Јорданов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип зборуваше за актуелната политичка и општествена состојба по промената на локалната и централната власт во Општина Штип.
Јорданов истакна дека кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт, Штип заслужено го добил епитеот административен центар на Источна Македонија.
Тој рече дека во Штип се отвори Универзитетот „Гоце Делчев“ кој што влијае за економски раст и развој не само на градот Штип туку и на целиот тој регион.
-Благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ се отвори технолошко – индустриската зона која што сама по себе внесе странски директни инвестиции кој што отворија околу 4 илјади нови работни места. На тој начин се помогна да се зголеми побарувачката и цената на пазарот на трудот. Во исто време се започна со изградбата на автопатот Штип – Миладиновци – Скопје кој во исто време се проектираше изградбата на експресниот пат Скопје – Штип – Кочани и Штип – Радовиш. Се започна со градбата на клиничката болница Штип Јорданов додаде дека во исто време се реализираа низа на локално инфраструктурни проекти кој што имаа за цел подобрување на животот на жителите на Општина Штип, развој на овој регион и развој на Општина Штип како град со најголема градежна експанзија, посочи тој.
Јорданов истакна дека проектите кои ги спроведе партијата ВМРО-ДПМНЕ се прекинати и не се реализираат веднаш по промената на централната и локалната власт во Штип.
-По промената на централната а и сега на локалната власт сите овие работи се прекинати и стагнираа. Сите овие проекти кои што ви ги посочив пред малку се во стагнација и не се реализираат. За жал и со доаѓањето на новата локална власт на новиот градоначалник во Штип не сме виделе нов капитален проект. Проект кој што ќе го осетат директно граѓаните на Општина Штип . Сведоци сме само на популистички мерки кој што се пред јавноста а граѓаните неможат да ги воочат во секојдневниот живот. Но затоа сме ние овде како во овој момент опозиција да ги посочиме сите овие работи , да бидеме критичари на овие лоши политики коишто се случуваат. Да го посочиме тоа на јавноста. Да го знае и штипската јавност и жителите на овој регион за да на наредни избори го кажат своето мислење, потенцираше Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево