БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиера на филмот “Коливо” во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Краткометражниот филм Коливо на Андреј И. Волкашин, ќе биде премиерно прикажан на 3 Август, од 20:00 часот во киното во Делчево. Ова ќе биде прва можност за граѓаните на Делчево да го видат првиот филм снимен во општината и да се запознаат со дел од екипата, вклучувајки ги младите актери аматери, кои ги направија првите чекори во филмската уметност токму со Коливо.

Интересно е што филмот, освен што е снимен во делчевското село Град, е и еден од првите македонски филмови снимени целосно на локален дијалект. Насловот на филмот – Коливо, има двојно значење. Освен денот на кој се коле свињата во домакинството, зборот Коливо е и црковен термин за благата пченица која се користи во православните обреди поврзано со поменот на покојниците. Приказната е за мајка и ќерка која имаат иста тајна, а никако неможат да ја споделат една со друга. Главните улоги ги толкуваат легендарните македонски актерски Лабина Митевска и Јоана Поповска.

Светската премиера на филмот беше на 46ти Хуеска Инетрнационален Филмски Фестивал, по што е селектиран во официјалната конкурсна програма на фестивали во Бугарија, Словенија, Франција, Холандија, Канада. Неодамна филмот ја доби наградата за најдобар краток филм на фестивалот ТОНЕИНС ИФФ, а домашната премиера му претстои на 39 БРАЌА МАНАКИ – Интернационален Фестивал на Филмска Камера во Битола.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace