БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Производителите на слива изманипулирани, нема ни најава за откуп, најавуваат секојдневни блокади на патиштата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Производителите на слива од Пијанечко-Малешевскиот регион ја обвинуваат Владата и ресорниот министер за земјоделие дека ги манипулираат со цел да го намалат ефектот на протестите кои во два наврати ги организираа овие луѓе со цел за обезбедување на минимум егзистенција која произлегува единствено од нивната дејност како производители на сливи.

Во секоја претходна најава за изминатите два протести, Министерот праќаше свој претставник да разговара со земјоделците со цел да го растури протестот, со ветувања дека ќе го реши проблемот на земјоделците и ќе обезбедат откуп за овогодинешната реколта на сина слива. Ветувањата беа давани обично ден прет протестот но ништо од ниввата реализација.

Во изминатите 3 недели земјоделците излегоа на два симболични предупредувачки протести со цел да влијаат кај надлежните за решавање на нивниот горлив проблем.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Заклучно со вчерашниот ден попладне немаше ниту никаква најава за најавениот откуп на околу 6000 тони слива во регионот на Делчево, Пехчево и Берово. Единствено според информации од самите земјоделци во селото Црник биле откупени околу 2 тони слива по лична линија на самите производители и тоа е се.

Остатокот од синото злато е осудено да остане на нивите да скапува заедно со огромните пари, напори и мака кои што овие луѓе ги имаат инвестирано во своите насади, без никаква перспектива ниту да си ги повратат инвестираните сретства со што се осудени на пропаст.

Станува збор за голем број правни и физички лица во Пијанечко-Малешевскиот регион чија што егзистенција е директно условена од продажбата на овие сливи.

За таа цел производителите на слива од понеделник најавуваат генерален штрајк со секојдневна блокада на патиштата низ Источна Македонија против целосната негрижа на  надлежните за огромниот проблем кој го имаат овие луѓе.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace