Eколошкото пчеларско друштво „Златна кошница“, од 19 до 21 октомври во Кочани организира традиционалната Изложба на мед и пчелни производи. На повеќе штандови во Паркот на Револуцијата беше претставен осоговски, малешевски, плачковички и мед од други краишта на нашава држава.
– Ние, од пчеларските здруженија знаеме дека организираноста на пчелните заедници може да се примени и како организираност на работата на луѓето. Затоа и се собираме на оваа манифестација, да го збогатуваме и усовршуваме производството на мед, да ги надградуваме кај луѓето сознанијата за користа од медот и да научиме како да ја чуваме природата, а со тоа медот и нашето здравје. Во манифестацијата вклучуваме различни генерации, со цел медот како здрава храна да биде достапен за сите. Славејќи го медот, го славиме трудот, организираноста, заедништвото и здравјето
– изјави Тони Димитров, претседател на „Златна кошница“.

Извор: Општина Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево