БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки честиташе за изборот на Пандев и изрази убедување дека тоа ќе донесе нови успеси и гордост за македонскиот спорт

Пренеси го гласот

Во врска со изборот на Македонската фудбалска легенда Горан Пандев за спортски директор на репрезентативните селекции, своја порака во јавноста како голем фан на фудбалот а особено фудбалските мајстории на Пандев упати пратеникот Драган Ковачки.

Тој недвосмислено смета дека изборот на Пандев на оваа функција ќе донесе нови успеси и гордост за македонските фудбалски фанови и целокупната нација.

“Честитки за Горан Пандев.

Изборот на Горан Пандев, како една од најголемите спортски легенди во Македонија, за спортски директор на репрезентативните селекции е голем чекор напред за македонскиот фудбал.

Неговото искуство, посветеност и победнички менталитет, како и неговото меѓународно влијание, ќе помогнат во унапредување на стратегијата и организацијата на сите македонски селекции.

Горан Пандев – за јакнење на македонскиот победнички дух и мотивација за новите генерации.

Убеден сум дека ова ќе донесе нови успеси и гордост за македонскиот спорт”

-напиша на социјалните мрежи Драган Ковачки по овој повод.

Креирано од:


Пренеси го гласот