На 23 Декември се навршија 118 години од загинувањето на Македонскиот револуционер Дамјан Груев во пазувите на Малешевските планини во непосредна близина на врвот Петлец над село Русиново, беровско.
Како и секоја година традиционално во организација на Месниот Комитет с. Русиново на ВМРО-ДПМНЕ од Берово и оваа година последниот марш на големиот Македонски револуционер беше одбележан на достоен начин како што им доликува на големите војводи на Македонското револуционерно дело.
Денеска од најрани утрински часови сред село Русиново започна собирање на голем број следбеници на ликот и делото на Дамјан Груев кои што се дел од настанот кој се реализира со повеќе активности, кои што беа пречекани од Русинци со греано вино и чај.
На селските гробишта во село Русиново беше одржана Панихида на чест на Војводата.
Потоа пред бистата на Даме Груев во центарот на село Русиново беше одадена почит од голем број граѓани и организации. Меѓу присутните беа Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски кој што заедно со пратеникот Драган Ковачки и Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Берово се поклонија пред ликот на Даме Груев.
По завршување на овој протоколарен дел започна реализацијата на планинарскиот марш до местото каде што Даме Груев го положил своето тело во прегратките на Малешевските планини за да остане вечно запишанкако еден од најсветлите ликовои во Македонската револуционерна борба. Во непосредна близина кај месноста Колибите сите присутни учесници на настанот ќе бидат послужени со беровско гравче.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!