БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите се за граѓаните на Македонија, не се во сопственост на ниту една политичка партија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во пресметка на СДС чиj е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или друга партија. Ниту дали има логика се што ќе направиме ние, тие да тврдат дека било нивно, иако народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен проект, апсолутно ниту еден, и сега оправдано на сите нормални луѓе им изгледа налудничаво кога тврдат дека се ова, тие направиле. Токму тоа беше една од причините зошто изгубија на избори. 

Покрај криминалот и измеќарството кон ДУИ. Да потсетиме дека плаќаа тешки милиони, а немаа почнато со градба. Така да, бесполезни се ваквите дебати со нив. Сеуште живеат во филмовите на потценување на народот и сурово бескурпулозно лажење, типично за нивното лидерство и нивниот лидер во сенка.

Патиштата остануваат на граѓаните на Македонија. А СДС за жал на сите, е тука со своето однесување да не потсетува како не треба.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор: ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот