БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ново пуштање во употреба на голем капитален проект: Пругата Куманово – Бељаковце со должина од 30.8 километри

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Новата година продолжува со интензивно темпо да биде особено позитивна за развојот на националните сообраќајни линии и врски.

Премиерот Мицкоски преку видео презентација најави пуштање во употреба на уште еден крупен сообраќаен инфраструктурен проект кој што е од национално значење.

Станува збор за реконструираната железничка линија меќу Куманови и Бељаковце во должина од 30.8 километри со реконструкција на повеќе инжинерски објекти долж оваа делница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Утре 17.01.2025 година (петок) со почеток во 12:30 часот по повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Свој говор пред присутните ќе одржи премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот