БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Политичката партија Левица во свое соопштение упатено до јавност ја критукуваат владата и Министерката за финансии за ставот дека нема да пружаат помош на ЕСМ која што како државна компанија книжи огромни загуби во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.

“Неодамна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изјави дека не планираат да инвестираат во оваа државна компанија и ја упатија помош да бара од кредити во приватните банки, наместо да ѝ помогне Владата. Ваквиот неодговорен чин ги покажува првите ефекти – ЕСМ бара и до 20% зголемување за цената на парното и топлинската енергија во грејна сезона и во време на висока инфлација.

Министерката Кочоска, иако призна дека ЕСМ ја наследиле во долгови акумулирани од расипничкото работење на СДС и ДУИ – наместо да се иницира одговорност за претходните раководни кадри, граѓаните преку поскапо парно ќе ги плаќаат долговите од расипничкото работење.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Власта на Мицкоски со одлуката ЕСМ да ја надминува кризата со кредити кај банките и тајкуните, значи само дека товарот паѓа на грбот на граѓаните. Додека обичниот народ едвај врзуваат крај со крај, соочени со висока инфлација, раст на цените на прехранбените производи и мизерни плати, власта наместо да обезбеди стабилност во енергетскиот сектор – им подготвува нов удар врз џебот на граѓаните!

Со најавеното покачување на цената на парното за дури 20%, Владата покажува дека нема апсолутно никаква визија за зајакнување на енергетскиот сектор, ослободен од приватните интереси на крупниот капитал. Додека големите бизниси добиваат државни субвенции и даночни олеснувања, граѓанинот ќе плаќа поскапа топлинска енергија за спас на ЕСМ од расипничкото работење на претходните власти.

Левица апелира дека власта мора да изнајде механизми за стабилизација на енормниот раст на цените, откако преходно покачување имаше и на струјата, спротивно на најавите на власта на Мицкоски. Наместо поскапување на парното, власта треба да ги расчисти криминалите на претходната власт, која ја остави државната компанија ЕСМ во долгови и неможност да ги сервисира основните потреби на граѓаните.”

-стои во соопштението на Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот