БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанкуловска: Не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се обрати во јавноста после подолго време со свој коментар по немилиот настан на Партизанска во Скопје во кој животот го загуби 22 годишна студентка од Неготино.

Најдлабоко сочуство до семејството и блиските на Фросина, напиша на Фејсбук Јанкуловска.

“Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев. Да не иделизираме, јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи. Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и иссмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција,”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-го истакна својот став поранешната министерка Јанкуловска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace