Со седнувањето на столчето во овалната соба во Белата Куќа во Вашингтон, Американскиот Претседател Доналд Трамп од ден на ден посветено работи на реализација на дадените предизборни ветувања пред американскиот народ со што предизвикува глобални турбуленции во јавноста. Во ваквата агенда на Претседателот Трамп не заостануваат и челните луѓе на неговата администрација кои што се ударната песница за извршување на прокламираните политики. Еден од нив е милјардерот Елон Маск кој што ја доби функцијата Главен раководител на новиот Оддел за владина ефикасност.
-Дали знаевте дека УСАИД, користејќи ги вашите даночни долари, финансираше истражување за биолошко оружје, вклучително и „Ковид-19“, кој уби милиони луѓе, напиша Маск на својот профил на „Х“.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ за нова светска војна?
Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија