БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тешко кривично дело со умисла е квалификацијата по која ќе се гони Васил Јованов

Пренеси го гласот

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја информираше јавноста по кој основ ќе се гони Васил Јованов, кој со своето дивјачко возење во центарот на Скопје го одзеде животот на младата Фросина Кулакова. Ваквата информација следува по огорченоста на граѓаните на цела држава од постапувањето на судските власти во овој случај. Тешко кривично дело со умисла е најтешката форма на судски процес за вакво дело за кое што може да се добие казна и до 10 години затвор.

-Од досегашните докази за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Ја уверувам целата јавност и семејството дека постапката ќе биде ефикасна,

-Информираше Републичкиот Јавен Обвинител Коцевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот