Портпаролката на Македонската Влада Марија Митева денеска на прес конференција ја информираше јавноста за експресните превземени дејства на сите надлежни органи во борбата со децениски руинираниот систем низ цела држава кој што предизвикува трагедии како онаа во Кочани.
Портпаролката на Владата изнесе шокантни податоци дека од 12 проверени правни субјекти со активни лиценци за вршење три од нив не ги исполнуваат минималните технички услови за вршење на таква дејност.
Портпаролката Митева потенцира дека сите институции постапуваат експресно и за сите прекршители на законот кои го деградирале сисемот во државата до таа мера да ни се случуваат трагедии како таа во Кочани, ќе следува одговорност.
“Денеска одлучивме да имаме заедничка конференција со, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски.
Ќе ја започнам оваа прес конференција информации кои се актуелни и за има промени од претходната вчерашна изјава која што е дадена за извршените контроли од Државниот пазарен инспекторат.
Во моменти како овие зборови не се доволни но постапките мора да бидат.
Како што ветивме продолжуваме на дневна основа да ве информираме сите вас за констатираните состојби од теренската работа на Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите.
Новите сознанија коишто ги имаме до овој момент се следни:
Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања.
Доказите се јасни.
Од вчера направената контролата на 12 објекти со активна важечка лиценца до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност.
За останатите девет, ве информирам дека сеуште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации.
По однос на ваквата состојба веднаш до министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно законот.
На терен во секој момент овие денови се над десет тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.
-Ќе се проверат сите до детаљ.
Сакам да ја информирам јавноста дека е направен и план, и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.
Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција.
Ниту ќе замижуваме ниту ќе заштитуваме.
Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустрацијата, луѓето бараат правда и ќе ја добијат.
На денешната прес-конференција за медиуми покрај портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева се обратија и директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски..
Целата прес конференција во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена