Животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј во Брегалничкиот регион има силно влијание врз севкупниот општествен живот за населението кое живее на овие простори од памтивек.
Некогашното основно училиште “Св. Кирил и Методиј” во Штип повеќе го нема, но деновиве општинските власти предводени од градоначалникот Иван Јорданов активно работат на поставување на нов споменик посветен на светите браќа на локацијата каде што некогаш се наоѓало училиштето.
“На местото каде во минатото било позиционирано Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Штип, веќе се прават подготовки за поставување споменик на двајцата словенски просветители.
Токму во пресрет на христијанскиот празник Свети Кирил и Методиј, Општина Штип во соработка со бизнис секторот и јавните претпријатија ќе постави споменик, во чест и за вечна памет на солунските браќа – мисионери на христијанството и создатели на првата азбука на старословенскиот јазик.”
-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој проект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево