БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со достојни почести денес е одбележан патронот на СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес, 28 април СОУ „Миле Јаневски Џингар“ го прославува својот Патронен празник. Во рамките на прославата фамилијата, вработените, учениците, Градоначалникот на општината и многу други положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-бистата на Миле Јаневски Џингар. Во својот поздравен говор директорката на училиштето г-ѓа Данче Донева Гоцевска на сите присутни им се заблагодари за тоа што се дел од оваа прослава по повод патрониот празник на училиштето. Исто така искажа пофалба за работата на наставниот кадар во училиштето и другите вработени. Ја истакна соработката на оваа воспитно – образовна институција со сите денес поканети локални институции, сметајќи дека само на овој начин со меѓусебна соработка на сите институции може да се очекуваат повисоки резултати во сите сфери на животот. Поддршката на средното училиште треба да биде сфатена како поддршка на иднината, бидејќи учениците се нашата иднина.

И оваа учебна година по повод Патрониот празник во соработка со КИЦ „Романса“ беа распишани Литературен и Ликовен конкурс на тема: „Чекориме по патеката на мирот”. Чествувањето на патрониот празник заврши со коктел со традиционална македонска храна. Храната за коктелот беше подготвена од вработените и учениците во училиштето.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор: СОУ “Миле Јаневски Џингар”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace