Повеќе екипи на вработени од Јавното Претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица денеска беа на терен во реализација на повеќе активности во функција на подобрување на стандардот за живеење на жителите во општината.
“Тековни работни и градежни активности на ЈП Камена Река за:
– Чистење на отворените одводни канали за атмосферски води
– Поставување на заштитна ограда на постоечки мост во село Тодоровци
– Доизведба и санација на оштетена ограда од училишниот двор на ООУ “Св. Кирил и Методиј”
– Поставување на нови водомерни единици и приклучување на корисниците од улица “Новокомпонирана” на градскиот канализационен систем
– Косење и уредување на градскиот кеј со засадување на нови листопадни декоративни садници
Со посветеност во спроведувањето на теренските активности на вработените во ЈП Камена Река продолжуваме да работиме во создавањето на подобри услови за живот на сите граѓани во урбаните и руралните средини од Македонска Каменица.”
-информираа од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани