По повод големиот Христијански Православен празник Велигден Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите верници кои го празнуваат овој празник:.
“На сите верници ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден.
Од срце ви посакувам празникот на Христовото Воскреснување да го дочекате во добро здравје, исполнети со мир, хармонија, радост и со среќа. Токму во овие празнични денови, инспирирани од Христовата победа над смртта, да ги обновиме и верата и надежта и вдахновени да правиме добри дела и да даруваме безусловна љубов.
Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација. Да подадеме рака на сите кои што се во неволја и на кои што им е потребна помош, следејќи го примерот на Исус и поучувајќи се од неговите зборови.
Нека е за многу години големиот празник!
Христос воскресна!
Навистина воскресна!”
-напиша Министерот Тошковски на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција