БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лишен од слобода возач во Штип затоа што управувал возило под дејство на алкохол

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска (08.06.2025) во 03.27 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.О.(42) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace