Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево Иван Гоцевски во јавноста упати своја реакција на неинформираноста и обидот за лажење на отворена сцена од страна на Претседателот на СДСМ Венко Филипче во рамки на неговата неодамнешна посета на Делчево.
“
Да знаеш Венко дека платите во здравството од кога е Владата на ВМРО-ДПМНЕ пораснаа за 15%!
Да знаеш Венко дека за само шест месеци од Владата платите во здравството достигна зголемување од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, додека за медицинските сестри изнесува дури 6.200 денари!
Да знаеш Венко дека во Делчево целосно е реновиран и опремен очен кабинет со дури 7 нови апарати и се додадени нови дијагностички услуги кон пациенти кои гравитираат од околните градови!
Да знаеш Венко дека во Делчево е доопремен кабинет за интерна медицина и се набавени нови ЕКГ апарати!
Да знаеш Венко дека во Делчево се пуштени во употреба ХОЛТЕР за ЕКГ и ХОЛТЕР за ПРИТИСОК со што пациентите од делчевско добиваат нови дијагностички услуги за да немораат да патуваат кон другите градови со што пациентите се растеретуваат од дополнителни трошоци!
Да знаеш Венко дека во Делчево сега имаме СПЕЦИЈАЛИСТИ како никогаш до сега кои доаѓаат од други ЈЗУ во интерес на делчевските пациентите за истите да немораат да патуваат кон внатрешноста на државата!
Да знаеш Венко дека СПЕЦИЈАЛИСТ ДОКТОРИ по неврологија, ортопедија, урологија, кардиологија и дерматовенерологија веќе работат на МОЈ ТЕРМИН во Здравствениот Дом овде во Делчево и по неколку пати во месецот.
Да знаеш Венко дека во Делчево се додадени нови дијагностички процедури кои веќе се на мој термин:
ЕХО на срце, дуплекс доплер на каротиди и дуплекс доплер на периферна циркулација!
Да знаеш Венко дека во Делчево е набавен нов дефибрилатор, опрема и помошни средства во ИМП!
Да знаеш Венко дека во Делчево е набавена нова опрема во лабораторија со подобрени услови и додадени нови услуги за пациентите.
Повторно е создадена комисија за полагање на стручен испит на медицински сестри и тоа Венко не во Штип и во Скопје, а во Делчево!
Да знаеш Венко дека е пуштена нова специјализација по интерна медицина која веќе е започната и идниот СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА ЌЕ РАБОТИ ВО ДЕЛЧЕВО!
Да знаеш Венко дека во Здравствениот Дом во Делчево во тек е вработување на нови лекари и медицински сестри и се планираат и нови специјализации многу наскоро и сите тие ќе бидат факт овде во Делчево и сето тоа во интерес на пациентите од Делчево!
Да знаеш Венко дека започнува реновирање на здравствена станица во Македонска Каменица која е во склоп на Здравствениот Дом од Делчево и која значително ќе ја подобри услугата на нашите сограѓани од двете општини!
Да знаеш Венко дека уште многу позитивни работи се предвидени и ќе се случат многу наскоро овде во Делчево се во интерес на нашите сограѓани и за сето тоа многу наскоро ќе Ве информираме!”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена
„Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“ во Кочани