БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Во моментот Македонија се гради со 1200 нови градилишта низ цела држава

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на пуштањето во употреба на новиот патен правец на релација помеѓу Понов мост – Богданци на југот од државата Премиерот Мицкоски зборуваше за оопределбите на Владата преку реализација на инфраструктурни проекти да го интензивира развојот на државата.

“За мене претставува посебна чест и задоволство еве и да сум јас присутен на овој настан заедно и со министерот и заменик-претседател на Владата Николовски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски. Тие кажаа речиси сè, она коешто јас би сакал да го додадам е дека покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на единиците на локална самоуправа, општините, плус оние коишто беа од првиот повик вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно.

И кога на сето тоа ќе ги додадеме и сите овие проекти коишто се завршуваат, отпочнуваат а коишто надвор од оваа програма ги финансира Владата и јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, доаѓаме до импресивна бројка од 1.500, нешто коешто навистина претставува реткост и сега имаме навистина тука еден би рекол исклучително чуден случај, пример како сакате да го наречеме дали нашата градежна оператива сето ова ќе може одеднашка да го совлада и да го изработи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На сметка на ова ќе имаме еден состанок во Стопанската комора во петок заедно со господата позади мене и со претставниците на Стопанската комора и градежната комора каде што ќе разговараме да направиме еден план една динамика, затоа што ние сакаме што е можно повеќе македонски градежни компании, македонска градежна оператива да ги исполни обврските поврзани со сите овие градилишта за коишто претходно зборував.

Така што разликата е тоа што досега имаше до пред една година еден принцип како до сега кога Македонија се крадеше, сега во изминативе година дена има поинаков принцип, а тоа е дека Македонија се гради и Македонија ќе продолжи да се гради.

Јас уште еднаш ќе им се заблагодарам и на Коце Трајановски и на Александар Николоски, и на вработените во министерството и на вработените во јавното претпријатие.

Исто така би сакал да искажам голема благодарност до пратениците во македонското Собрание коишто доаѓаат од овој дел на југоисточна Македонија коишто жестоко се борат за проект повеќе да биде тука сработен во овој дел од државата и тоа прилично успешно го прават.

Благодарам на граѓаните бидејќи тие се нашата инспирација и убеден сум дека во периодот коишто следи заедно ќе направиме уште илјадници нови проекти.”

-рече денеска од настанот Премиеро Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот