БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

НУЦК “Н.Ј.Вапцаров” Делчево на годинешниот конкурс аплицира досега со најголем фонд на проекти за наредната 2026 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Најзначајната културна институција во Делчево и една од позначајните во регионот Националната Установа Центар за Култура “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево во рамки на своите програмски определби за наредниот период планира огромно квалитативно и квантитативно подобрување на својата работа во функција на презентација и афирмација на квалитетни културни настани и содржини за културно воздигнување на општествените прилики во овој дел од Македонија.

Со соаѓање на новиот директор на чело на менаџерската позиција во оваа културна установа Златко Начовски, веќе е започнат сериозен фронт за подобрување на состојбите во институцијата која за цел има под своја капа да го обедини целокупното културно творештво во општина Делчево.

За таа цел за неколку недели од назначувањето на Директорот Начовскки на чело на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево со интензивен ангажман на вработените во институцијата подготвени се голем број на проекти кои што влегоа во годишната програма за работа за наредната 2026 година, кои што ќе бидат аплицирани за финансирање на страна на Годишната програма на Министерството за култура и туризам за наредната 2026 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево информираат дека станува збор за досега најобемна годишна програма на институцијата како по квалитет така и по квантитет на програмски активности.

Во оваа програма доминантно место го има проектот за реконструкција на Спомен Домот на Разловечкото востание во село Разловци кој што како капитален инфраструктурен проект од областа на културата има и многу поголемо значење од идентитетски карактер за постоењето на современата Македонска држава.

Наредната 2026 година се одбележуваат 150 години од кревањето на Разловечкото востание за кога е планиртано да завршат сите активности околу реконструкцијата на домот а во чии што простории ќе биде сместена репрезентативна музејско-етнолошка поставка која ќе ја раскаже приказната за Разловечкото востание на вистински начин со сите достојни обележја за овој историски настан.

Покрај овој проект за реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание и проектот за организирање на самата манифестација за одбележување на настанот, од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево информираат дека аплицираат со вкупно 37 проекти во рамки на сите нивни дејности пропишани со внатрешните акти на институцијата од кои како нај забележителни се истакнуваат проектите од областа на Фолклорната дејност, Музичко-сценска дејност со голем број на предвидени настани, манифестации и фестивали како и проекти од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на соопштението упатено до јавноста од страна на НУЦК “Никкола Јонков Вапцаров” Делчево во врска со одржаната седница на Управниот Одбор кога беше донесена Годишната програма за работа на оваа културна институција за 2026 година:

Одржана втората седница на Управниот Одбор на НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево

Денеска (петок 27.06.2025 година) со почеток во 15.30 часот се одржа втората седница на Управниот Одбор на НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров”

Седницата се одржа со следниот Дневен ред:

1.Усвојување на записник од претходната прва Конститутивна седница на новиот Управен Одбор

2. Усвојување на Одлука за Нацрт годишната програма за 2026 година на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево;

3.Разно

Во рамки на дискусијата по однос на втората точка од Дневниот ред од страна на Претседателот на Управниот Одбор Кирчо Анастасов ја поздрави напорната работа на институцијата во изминатите неколку недели под раководство на Директорот Златко Начовски, при што од негова страна беше констатирано високото ниво на квалитет и квантитет на подготвеност на предвидените програмски активности на установата за наредната 2026 година.

Како што образложи пред членовите на Управниот одбор Директорот Начовски на годинешниот повик на Министерството за култура и туризам за финансирање на проекти за наредната 2026 година НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево аплицира со вкупно 37 проекти во рамки на програмските активности во сите застапени дејности на установата, што претставува особен куриозитет за реализација во наредната година. Покрај предвидените програмски активности со кои се аплицира на повикот установата аплицира и за финансиски средстава за тековно одржување како и други материјално-технички сретства за работа на самата установа.

Посебен акцент во рамки на програмата за работа на установата со повеќе програмски активности ќе биде ставено на одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание во рамки на чие одбележување догодина ќе биде пуштен во употреба целосно реконструираниот Спомен Дом на Разловечкото востание во село Разловци со нова историско-етнолошка постановка која е во подготовка.

Од останатите програмски активности во годишната програма за 2026 година се издвојуваат Фолклорната дејност, Музичко-сценска дејност со голем број на предвидени настани, манифестации и фестивали како и проекти од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, со што граѓаните на Делчево ќе добијат една нова и особено впечатлива културна понуда.

Под точка разно на седницата беа дискутирани повеќе прашања од организациско-технички аспект на работата на установата, кои што со соодветна динамика ќе бидат подобрувани во наредниот период заедно со сите вработени во установата.

На седницата на Управниот одбор од петтмина членови присутни беа четворица при што сите точки од предвидениот Дневен ред едногласно беа усвоени.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace