Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утрово се сретна со претставници на Светска Банка.
“Денеска остварив средба со Антонела Басани, потпретседателка за Европа и Централна Азија, Сјаочинг Ју, директорка за регионот и Масимилијано Паолучи, директор за земјата, кои се претставници на Светска банка.
Средбата беше можност за дискусија на заедничките приоритети, тековните проекти и идните насоки на соработка со Светска банка, со посебен фокус на развојот, економскиот раст и поддршката за реформскиот процес.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист