БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тие што не сакаат развој на Европа, тие не дозволуваат Македонија да стане членка на ЕУ!

Пропагандата на Марта Кос во функција на немањето на политички консензус во ЕУ за почнување на пристапни преговори за членство во ЕУ за Македонија
Пренеси го гласот

Целата Македонска јавност со исклучок на оние кои не знаат да прават пинџур, полнети пиперки, тавче-гравче итн… беше шокирана од вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос која доаѓа од Словенија.

Жената поистоветувајки го Македонскиот идентитет со овие балкански специјалитети успеа со неколку реченици да го крене евроскептицизмот во Македонија на највисоко ниво за што противниците на процесот за проширување на ЕУ треба најсилно да и честитаат.

Европската Унија НЕ Е подготвена за да ја прими Македонија во процес за почнување на преговори, па затоа овие бирократи во дебелите фотелји во Брисел да не бидат ставени пред лицето на историјата во неповолна ситуација, го разгоруваат евроскептицизмот помеѓу Македонските граѓани на најбрутален начин играјќи на картата на емоциите на народот, бришајки значајни постулати од Македонскиот идентитет и истиот ограничувајки го на внатрешно апстрактно чувство и телесни задоволства како храната.

Сублимат на Македонскиот идентитет е Македонскиот јазик!

Тоа некако Марта Кос заборави да го спомне.

Во редот на суштински столбови на Македонскиот идентитет се и Македонските песни, кои соседите (особено еден сосед) брутално ги крадат и си ги препишуваат како свои.

Македонски идентитет се и плејада на Македонски дејци од кои некои спомна Премиерот Мицкоски во обид да да ја ублажи штетата и да и пркоси на намерата на Марта Кос да го разгневи Македонскиот народ на јавна сцена.

Епа токму тие Македонски дејци (од областа на политиката, литературата, уметноста, музиката….) како еден од НАЈЗНАЧАЈНИТЕ столбови се исто така како и песните предмет на присвојување од страна на соседите (особено еден од нив).

Македонскиот идентитет е и името Македонија и се што се нарекува Македонско…. а токму тие вредности систематски од името на таа Европа Марта Кос како и нејзините шефови и претходници (Могерини, Хан и слични пробисветови) толку ревносно во континуитет се обидуваат да ги збришаат од постоење.

Епа сега г-ѓо Марта Кос кога ќе се вратиш во својата блескава канцеларија во Брисел, напиши во твојот извештај дека твојата намера да ги обвиниш Македонскиот народ за евроскептицизам и ширење на меѓу соседска нетрпеливост на Балканот, само делумно успеала.

Не можете да ни ги земете напорите за пресметка со криминалот и корупцијата ако го ускратите отворањето на поглавјето од пристапните преговори кое ги регулира овие прашања. Истото право не можете да ни го ускратите со сите други предметни поглавја од пристапните преговори веројатно со намера да завладее хаос и безредие во Македонија, па на тој начин да го избришете ова Свето име од лицето на планетата земја.

Напорите и целиот фокус на актуелната Македонска влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски свесни за ваквите “игри” на Брисел се цврсто насочени кон исполнување на сите реални и легислативно-правно декларирани европски вредности во Македонија, пред се во интерес на Македонските граѓани и подобрување на квалитетот на живот и покрај сите хибридни и отворени закани за рушење на стабилноста во Македонија преку добро познатиот метод на “морков или стап” на европските бирократи. Можеби во тие светло-темни ходници во Брисел некому не му одговара темпото на развој и реформи во државата што го наметна актуелната влада, но добро е што се уште за конституирање на Македонска влада не се прашуваат бирократите во Брисел туку Македонските граѓани, кои како никогаш досега се обединети зад актуелната власт во Македонија.

Дали г-ѓо Кос сте слушнале за флоскулата “500 години турско”?

Епа таа флоскула е исто така дел од Македонскиот идентитет кој ги преживеал тие 500 години турско, па така ќе Ве преживее и Вас- европски комесари кои под сила на присила ја држат Европа разединета!

Македонија е срцето на Балканот кој е клучна машина за развојот на Европа.

Тие што не сакаат развој на Европа, тие не дозволуваат Македонија да стане членка на ЕУ!

ПС: Тоа се тие социјалистичко-либерални фекалии кој го трујат развојот на Европа!

Креирано од:


Пренеси го гласот