БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од утре ќе престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).

Дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка, како и за прашања поврзани со  безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор.

Креирано од:


Пренеси го гласот