БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алиу: Нови лекови на позитивната листа и вработување на уште 300 специјализанти

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција од владата презентираше дел од политиките кои што за сосема краток период од неговото назначување за министер за овој значаен ресор започнаа да ги даваат своите позитивни резултати и придобивки за граѓаните.

“Здравството не може да се менаџира со инерција. Потребна е логика, процесна дисциплина и јасен алгоритам на одлучување, нешта кои се природни за инженерскиот приод, но неопходни и во здравствениот систем. Дигитализацијата не е замена за одговорноста, туку алатка за нејзино мерење, следење и унапредување.

Но, ниту еден систем, без оглед колку е технички совршен, не може да функционира ако е прекината најважната врска, а тоа е довербата меѓу лекарот и пациентот. Тоа е ткивото што го држи здравството живо. Без тој однос и најдобрата технологија и најголемите инвестиции ја губат својата смисла. Затоа, кога зборуваме за реформи, не започнуваме од технологија, туку од луѓето што се срцето на системот. Тие заслужуваат поддршка што не е само декларативна, туку конкретна и видлива.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како Влада реализиравме значајно зголемување на платите на здравствените работници, и тоа во износ од 4.815 денари нето за сите здравствени работници. За медицинските сестри ова зголемување изнесува 6.200 денари. Оваа мерка значи суштинско вреднување на трудот на медицинскиот персонал, како и дополнителна мотивација и стимулација да останат во државата и да го дадат својот стручен придонес за зајакнување на нашиот здравствен систем.

Успешно го решивме долгогодишниот недефиниран статус на приватните специјализанти. Врз основа на донесената одлука на Влада за вработување 600 приватни специјализанти (300+300), веќе привршува реализацијата на првата фаза и во најголем дел од установите е завршена процедурата за вработување 300 млади специјализанти во јавните здравствени установи во државата. Веќе ја почнавме реализацијата и на втората фаза за следните 300 специјализанти, минатата недела на веб страната на Министерството беше објавен повикот за изразување интерес на специјализантите за вработување.

Но вистинскиот успех не е само во бројката на вработувања, туку во пораката што ја испраќаме: дека младите лекари не се оставени сами. Дека системот може и мора да застане зад нив кога одлучуваат одговорно, етички и стручно.

Стојам и ќе стојам зад секој здравствен работник кој одлучува со знаење, совест и грижа. Целта е да создадеме систем во кој одговорноста нема да биде товар, туку израз на доверба во сопствената стручност и во поддршката што доаѓа од институциите.

Таа поддршка не е само во ставот, туку и во секојдневните одлуки што го подобруваат пристапот до терапија, лекови и медицинска нега.

Првпат после повеќе од 10 години е ажурирана позитивната листа на лекови, за 9 нови генерички лекови, односно 87 лека во различни форми.”

-рече денеска на прес конференцијата од владата министерот Алиу

Креирано од:


Пренеси го гласот