БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врз основа на членовите 4 и 6 од Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија” бр. 85/07, 161/08, 147/15 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/19, 103/21 и 132/25), Министерството за дигитална трансформација објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на волонтери во Министерството за дигитална трансформација

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се со цел приближување на работата на државната администрација кон младите односно студенти кои немаат сѐ уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат, како и за дипломирани студенти на кој начин ќе им се укаже можност за стекнување на практично искуство, Министерството за дигитална трансформација, ги повикува сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик за ангажирање лица за извршување на волонтерска работа во Министерството за дигитална трансформација, и тоа 10 (десет) волонтери од:

1. Природно математички науки, информатички науки, електроинженерство и електротехника, телекомуникации

2. Психологија и когнитивни науки и Воспитание и образование

На јавниот повик може да се пријават лицата кои ги исполнуваат општите и посебните услови, државјани на Република Македонија.

Општи услови/квалификации зa кандидатите:

да се студенти (редовни или вонредни) или дипломирани студенти на соодветна студиска група

да располагаат со способност за успешно комуницирање;

способност за добро писмено изразување и истражување;

да располагаат со иницијативност, аналитичност и интерактивност.

Специфични услови/квалификации за кандидатите:

основно познавање на англиски јазик

Аплицирањето се врши на Националниот портал за електронски услуги.

Рокот за доставување на документите изнесува 14 (четиринаесет) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на веб страната на Министерството за дигитална трансформација.

Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:

– кратка биографија (со податоци за контакт: адреса, телефонски број и e-пошта);

– доказ за редовен или вонреден студент односно доказ за завршено образование од соодветната студиска програма

По истекот на рокот за аплицирање, сите кандидати кои поднеле уредна документација ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството за дигитална трансформација.

Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на стручна Комисија формирана од министерот за дигитална трансформација, а врз основа на следните критериуми:

– до 10 бода за постигнатиот успех во образованието;

– до 10 бода за општи познавања во врска со Министерството за дигитална трансформација

По завршување на постапката на селекција и рангирањето на кандидатите, најуспешните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење волонтерска работа која ќе се извршува во времетраење од најмногу 3 месеци.

Меѓусебните права и обврски, страните ќе ги регулираат со Договор за волонтерска работа.

По завршување на волонтерството, Министерството за дигитална трансформација не презема обврска за вработување на волонтерите.

Пријавата со потребната документација задолжително се прикачува во електронска форма на Националниот портал за електронски услуги, на следниот линк

https://uslugi.gov.mk/…/prijavuvanje-na-volonteri-vo…

Контакт:

Tелефон 02 3200 999

Е-адреса covecki_resursi@mdt.gov.mk

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace