БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Извинување на в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски кон учесниците на т.н. Марш на ангелите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По денешниот „Марш на ангелите“ и барањето на родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ за јавно извинување, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, го упати следното соопштение:

Драги сограѓани, почитувани родители и семејства засегнати од трагедијата која длабоко ја потресе нашата заедница,

Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата за Петровден несвесно сум повредил некого.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Свесен сум дека постоеја и јавно изразени ставови од некои граѓани дека не треба да присуствувам на „Маршот на ангелите“. За жал, притоа бев навредуван со клетви и погрдни зборови. Иако тоа длабоко ме потресе како човек, не им го земам за зло. Ја разбирам болката што стои зад тие зборови. Кога ќе изгубиш најмил, зборот често станува крик, а тишината товар кој тешко се носи.

Како в. д. градоначалник, мојата улога не е само административна, туку и човечка. Да бидам со сите граѓани, да слушам, да разбирам и да дејствувам со одговорност и чувство. Сакам да го сочуваме достоинството на градот, но и да создадеме простор за напредок и развој, особено за младите, за животот што мора да продолжи, со сите негови тешкотии и светлини.

Ве повикувам заедно, со разум и одговорност, да започнеме промена на системот кој со години ја подрива довербата и безбедноста во нашата заедница. Трагедијата од 16 март не беше несреќа, беше последица на долгогодишна негрижа на државните институции.

Уште еднаш, искрено и со почит се извинувам на сите кои се почувствуваа повредени. Останувам отворен за дијалог, со желба и волја да чекориме напред заедно,

-вели в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски во своето соопштение упатено до јавност како реакција на обвинувањата од страна на родителите на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани..

Креирано од:


Пренеси го гласот