БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рехабилитација на меѓународен пат А3 на делница Делчево-Граница со Бугарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градежна механизација на Јавното Претпријатие за државни патишта започна со рехабилитација на меѓународниот пат А3 на делница од Делчево до граница со Бугарија. Веќе на терен се потребните градежни машини кои што ќе обезбедат подобри сообраќајни услови за проток на сообраќај во овој дел од државата, како и за самите граѓани на Делчево.

Станува збор за рехабилитација на делница во должина од 5.3 км каде што ќе се изврши гребење на оштетениот и неупотреблив асфалт и вградување на нов носечки асфалтен слој на коловозот на патот.

Проектот се реализира во рамки на годишната програма на ЈПДП за изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта на Република Македонија за 2025 година, со финансиски средства обезбедени од домашни извори на финансирање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа сообраќајна артерија е од најголемо значење за реализација на брз и квалитетен проток на сообраќај низ овој дел од Македонија со што значително ќе се подобри безбедноста за патување.

Реализацијата на овој проект оди заедно со проектот за целосна реконструкција и проширување на регионалниот пат кој што ги поврзува населбата Милково Брдо во градот Делчево и селото Габрово

Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото – БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

Креирано од:


Пренеси го гласот