Недостигот на квалитетни и суштински експертски анализи за демохристијански конзервативни вредности кои што имаат особено модерен и атрактивен тек не само во Македонија туку во целиот свет, е слабост на нашето општество кое што под инерција “размислува” социјалистички.
Дали познавате повеќе од пет квалитетни десничарски аналитичари надвор од политички функции за тема економија? Или за тема образование? Или за тема здравство, итн?
Во Македонија видлив и доминантен фактор на јавна медиумска сцена е про-социјалистичкиот левичарско-либерален медиумски комплот кој што е своевидна рак рана што го деградира општеството окупирано под “чизмата” на ниски страсти од типот “леб и игри”. Не поради своето постоење и далеку од тоа дека треба во целост да се уништи, туку да се минимизира неговата улога со цел за постигање на медиумски баланс во државата која сериозно е издоминирана од социјалистичка медуимска пропаганда.
Секој обид за вистински и реален капитализам однапред е осуден на неуспех, поради октроираниот протекционизам и клиентелизам на релации држава-реален сектор. Токму поради тој клиентелизам, сведоци сме дека секнуваат малку по малку државните извори на финансирање на тој клиентелизам за да во некоја претпоставена идна бара да дојдеме во состојба во која ќе останат многу ајкули а малку храна во синџирот на исхрана. Медиумскиот етер во Македонија е бледа копија и продолжеток на еден распаднат социјалистички спомен од минатиот систем, која денеска мутира во медиумски франкенштајн во состојба да наметнува дневна јавна дебата со социјалистички тези во услови на демократија и пазарна економија.
Токму затоа основниот конзервативен десничарски доктринарен постулат мора да доаѓа до израз многу повеќе во периодот кој следува, токму поради потребата да создава нова вредност преку здрава пазарна и конкурентна економија лишена од “придобивките” на институционална корупција која потхранета од неказнивост претставува единствено само јалово продолжение на криминалната со закон озаконета приватизација на општествен капитал.
Македонија мора да најде сила да воспостави меритократија на претприемачкиот дух и најспособните менаџери да го добијат заслужениот примат во општеството како генератори на одржлива иднина за сите нас заедно.
На Македонија не и недостигаат работници! На Македонија и недостигаат претрпиемачи кои трудот ќе го претворат во конкретна вредност за да го продадат на пазарот по највисоко можна цена. И секој еден човек во Македонија во тој систем да стане нераскинлив сегмент кој во својот домен на компетенции ќе создава вредност за себе и за државата.
Како најпластичен пример за ваквиот дисбаланс во државата е
производството на грозје кое се продава по мизерна цена како основна суровина за правење на високо квалитетно вино кое со цената по литар има многу пати повисоко додадена вредност од грозјето. Ваквиот разочарувачки пример е најдобар индикатор за тоа во каква состојба се наоѓа македонското стопанство во целост и што е најважно каде треба да биде свртено вниманието на Македонските институционални органи задолжени да обезбедат одржлив развој на државата.
Се што е реално материјално создадено во државата во изминатите 30 години независност е како резултат на тој конзервативен демохристијански претприемачки дух. Ако се прашуваа социјалистичко-левичарските центри на моќ, Македонија се уште ќе беше преостанат остров од Југославија во тој дух.
Вредностите како приватна сопственост, конкурентно претприемништво, борба на реални вредности врз чија основа се создава додадена вредност, семејство, одржливо образование, стимулација на домашни и странски инвестиции…. ова се вредности од чист конзервативен демохристијански карактер и како такви мора да се многу посилно афирмираат.
Идеологиите во голема мера се производ на левичарска демагогија на апстрактни теми и бескрајна филозофија која носи поделби во услови на социјална стагнација во форма на социјална држава и одржување на економски статус кво. Демохристијанскиот карактер и тенденции за обединување околу идејата за економски напредок е суштински механизам за подобар животен стандард и како основен десничарски постулат е силна алатка за политичка борба во денешен наплив на т.н. борци за социјална правда. Екстремна политика на социјална правда ги демотивира и опструира напредните, способните и успешните да создаваат повеќе вредност, која преку инструментите на распределба на труд и имот гарантира одржлив развој. Се додека доминантно државата се бави со социјални теми на штета на здрав претприемнички дух, се дотогаш ќе тонеме во калта на неспособните, калкулантите, мрзеливите и неработниците!
Прагматичниот пристап на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Премиерот Христијан Мицкоски со неколку директни примери посочува дека е цврсто определена да спроведува модерни демохристијански и десничарски политики, но наездата на се уште доминантниот социјалистичко-левичарски медиумски комплот кој се бори за своја релевантност и видливост за да оствари финансиски бенефит за себе не дозволува да дојде до реален приказ на политиките и мерките во владата кои што во психологијата на истите тие левичарско-социјалистички мегафони се несватливи и незамисливи. Во голема мера ресавската школа на препишување во медиумите на едни та исти рециклирани социјалистички вредности кои не нудат никаков реално мерлив прогрес во државата е крајно спротивставена на информациите кога ќе излезе некој владин претставник за да посочи со конкретни бројки и факти за одреден реално измерен напредок во дадена сфера во државата. Таквите мерливи индикатори веднаш наидуваат на потсмев, манипулативни полуинформации, депласирана терминологија и сеирџиство што се крајно штетни за самиот посакуван напредок. Во недостиг на силни издржано-суштински конзервативно-десничарски анализи секој мерлив напредок завршува со политичкото лидерство во владата а народот останува покус за релевантните информации и ставови кои што навистина заслужуваат да бидат дебатирани и афирмирани во јавност.
Политичката борба во Македонија како и насекаде низ светот не треба да се води со оружје, со физичка спротивставеност и антагонизам…. Таа треба да се води на јавна сцена преку дебата и аргументација. За здрава и аргументирана дебата се потребни силни независни медиуми од двете страни на реката, за да има успешен лов на риба за да го нахраниме цело село.
Ако едната групација мава со камења додека другата лови риба во реката за да го храни селото, ниту риба ќе има ниту ќе има село.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст