Осамна и тој ден: Бел чад од штабот на СДСМ Делчево- Habemus candidatum pro praefecto urbis
Откако сериозно постоеше можност СДСМ Делчево да не излезат со свој кандидат за градоначалник на Делчево, со оглед на катастрофалниот рејтинг на партијата помеѓу граѓаните и немањето на соодветен кадар кој што ќе се нафати да изгуби во претстојната трка за локалните избори, конечно сношти излегоа со соопштение од СДСМ дека за Делчево го кандидираат Дејан Глинџарски.кој што по професија е психолог а кафеанските кругови го знаат како пеач на локална музичка група
По ваквото синоќешно обзнанување на кандидатот за градоначалник од СДСМ во Делчево, сега се наметнува една нова дилема особено присутна помеѓу членството на СДСМ кои се уште се на некој начин лојални на оваа партија (читај клиенти кои добиле некаков личен бенефит од партијата).
Дилемата е дали со ова персонално решение СДСМ Делчево кое е продолжена рака на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев се обидува да ги врати во своите редови стотиците гласачи на ЗНАМ кои свртеа грб на партијата во изминатите 1-2 години?
Оваа дилема е особено изразена затоа што понуденото партиско решение за кандидат за градоначалник никогаш не имал допир со извршна политичка функција или било какво политичко искуство, што би рекле делчевчани дека станува збор за целосен политички дунстер, што пак од друга страна сериозно укажува на недостиг на капацитет за спроведување на јавни политики преку локалните институции за чија контрола се кандидира овој политички аналфабет.
Намерата на Венко Филипче е со ваков целосно истурен политички анонимус како кандидат за градоначалник да се обиде да ја рехабилитира СДСМ помеѓу граѓаните во Делчево чија што структура е целосно распадната и завојувана помеѓу мали фрагментирани групации на локални моќници кои што дебело се нафатираа во времето на владеењето на СДСМ. А главната цел на ваквиот авантуристички потег би била враќање на отцепеното гласачко тело кое што масовно премина во движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски како резултат на катастрофалните лоши политики на владеењето на СДСМ, што се однесуваат пред се на националните предавства и тргувањето со Македонскиот идентитет.
На СДСМ Делчево на претстојните Локални избори на 19 октомври им претстои уште еден поголем изборен дебакл во споредба со оној од 8 миај минатата година. Иако немам пред себе увидни бројки сепак мислам дека во Делчево втор круг на локални избори ќе нема, што е своевиден куриозитет за новата локална власт во Општина Длечево што побргу да се зафати со имплементација на сериозни политички програма и активности.
На граѓаните на Делчево во моментот сериозно им недостига способно политичко водство, со голем кредибилитет и искуство, знаење и визија за да се фати во костец за решавање на наталожените проблеми. А такви ги има многу:
-Блокирана Буџетска сметка на општина Делчево без изгледи да се реши проблемот
-Блокирана буџетска сметка на ЈКП “Брегалница” Делчево со драстично нарушена ликвидност на оваа фирма,
-Отсуство на видлива политика за Локален економски развој,
-Катастрофална состојба со животна средина, претрупаност со ѓубре, отровни јазици од депонијата, диви депонии….
-Сообраќаен хаос без изгледи и волја да се надмине нервозата и метежот за делчевчани и многу труги приоритетни проблеми.
-Делчевчани немаат простор и време да изгубат 4 наредни години за неуки политичари да се учат како се пишува и што значи ЕЛС Делчево во првите две години од мандатот како претходно за во вторите две години да се грижат за своите финансиски конта.
На Делчево му треба искусен менаџер а не психолог!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст