Главниот и одговорен уредник на Брегалнички Портал во текот на 2018-2024 година беше предмет на прогон, репресија, притисоци и обработка на агенти на Агенцијата за национална безбедност и МВР.
Во продолжение го пренесуваме Соопштението упатено до јавноста од страна на Главниот и одговорен уредник Кирчо Анастасов во врска со овој случај”
“Во 2018 година како главен и одговорен уредник на Брегалнички Портал бев контактиран од службено лице на АНБ на информативен разговор во јавен објект во Делчево со класични удбашки прашања за испрашување кои создаваа состојба на притисок, вербална репресија со индиректни импликации на закани за работата која што ја вршев за информирање на јавноста за актуелните состојби во државата.
Ваквата обработка беше проследена со следење на официјални униформирани полициски службеници на јавни простори со видливо присуство кое создава состојба на несигурност и заплашување.
Дополнително во тек на годините што следуваа бев повикуван на информативен разговор од страна на официјален полициски инспектор во просториите на ОВР Делчево, во врска со информаци објавени на Брегалнички Портал.
Ваквите насоки на комуникација кон мене од страна на официјалните лица на АНБ и МВР завршуваа само со првичен контакт без никакви дополнителни мерки и активности, но длабоко се сомневам дека за мојот случај е водена дебела документација за оперативна обработка, со непознати квалификации.
Во насока на дознавање на природата и причините за ваквиот институционален притисок во наведениот период јавно апелирам кон Премиерот Христијан Мицкоски и Директорот на АНБ Бојан Христовски во целост да го расветлат случајот и сите информации поврзани со истиот да ги обелоденат во јавност, вклучително и имињата на одговорните лица за вака спроведената постапка за притисок врз мојата работа и загрозување на моите основни граѓански права.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Кирчо Ансастасов- Главен и Одговорен уредник на Брегалнички Портал


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст