Д-р Адријана Илиевска Велковски преку социјалните мрежи го афирмираше синоќешниот концерт на Дејан Лазаревски кој што се случи во фоајето на Спомен Домот АСНОМ во Делчево и воедно упати силна порака за значењето на културата за развојот на општина Делчево.
“Прекрасни поминати моменти заедно со љубители на звукот на гитарата. Нашето Делчево заслужува уште многу вакви настани во иднина, и целосна ренесанса на културата. Нашиот однос кон културата е наш однос кон традицијата, кон постоењето на нашата држава, кон народот. Развојот на културата во Делчево значи севкупен развој на нашата локална заедница.
Заедно и здружено можеме да воспоставиме солидни основи за Делчево повторно да стане посакувано место за живеење.”
-напиша на социјалните мрежи Д-р Адријана Илиевска Велковски.
Со формирањето на новата Влада на Република Македонија под раководство на Премиерот Христијан Мицкоски Министерството за култура се трансформираше во Министерство за култура и туризам, што во огромна мера може да допринесе за економскиот развој на државата како и за локалниот економски развој на општините насекаде низ државата.
Општина Делчево како лулка на традицијата, културата, богати археолошки локалитети, значајни личности, културни знаменитости и настани во огромна мера може да се развива врз основа на развој на културата, за што во периодот кој што следи може многу поактивно да се вклучи приватниот сектор.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга